Палестинското милитантно движење Хамас му предаде уште две тела на наводни заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, соопшти израелската војска доцна ноќта кон неделата.
Форензичкиот институт во Тел Авив ќе го утврди идентитетот на останките.
Според важечкиот договор за прекин на огнот со Израел, Хамас мора да предаде вкупно 28 тела. Доколку Израел потврди дека телата вратени во саботата се тела на исчезнатите заложници, би требало да бидат вратени уште 16 посмртни останки на израелски заложници од Газа.
Хамас тврди дека е тешко да се пронајдат телата, бидејќи се затрупани под урнатините на бомбардираните згради и тунели уништени за време на двегодишната војна во Газа.
Хамас одведе во заложништво 251 лице во ненадејниот брутален напад врз погранични бази, градови и населби во јужен Израел.
Групата ги ослободи последните 20 живи заложници во понеделникот, а вкупно 168 беа вратени живи во текот на изминатите прекини на огнот.
Првата фаза од примирјето во војната меѓу Израел и Хамас, започнато од американскиот претседател Доналд Трамп, вклучува ослободување и предавање на сите заложници, живи и мртви.
Слични новости
Протести во Бугарија: Иако буџетот беше повлечен поради притисокот на јавноста граѓаните бараат предвремени избори
Масовните граѓански протести што почнаа како реакција на контроверзниот предлог-буџет за 2026 година, за кратко време прераснаа во барање за итна оставка на Владата на премиерот Росен Жељазков и за предвремени парламентарни избори.
Путин: Состанокот со Виткоф и Кушнер беше многу корисен
Рускиот претседател рече дека предлозите кои ги донеле американските претставници во Москва се засновани на договорите меѓу него и Трамп на Алјаска. Притоа нагласи и оти постигнувањето на консензус е „тешка задача“.
Кремљ: Успесите на руската војска на фронтот влијаат врз преговорите за Украина
Најновите успеси на руската војска во зоните на судирот во Украина позитивно се одразија врз преговорите на претседателот на Русија Владимир Путин и...


