Палестинското милитантно движење Хамас му предаде уште две тела на наводни заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, соопшти израелската војска доцна ноќта кон неделата.
Форензичкиот институт во Тел Авив ќе го утврди идентитетот на останките.
Според важечкиот договор за прекин на огнот со Израел, Хамас мора да предаде вкупно 28 тела. Доколку Израел потврди дека телата вратени во саботата се тела на исчезнатите заложници, би требало да бидат вратени уште 16 посмртни останки на израелски заложници од Газа.
Хамас тврди дека е тешко да се пронајдат телата, бидејќи се затрупани под урнатините на бомбардираните згради и тунели уништени за време на двегодишната војна во Газа.
Хамас одведе во заложништво 251 лице во ненадејниот брутален напад врз погранични бази, градови и населби во јужен Израел.
Групата ги ослободи последните 20 живи заложници во понеделникот, а вкупно 168 беа вратени живи во текот на изминатите прекини на огнот.
Првата фаза од примирјето во војната меѓу Израел и Хамас, започнато од американскиот претседател Доналд Трамп, вклучува ослободување и предавање на сите заложници, живи и мртви.
Слични новости
Над илјада мртви во разорна тропска бура во Азија
Спасувачките екипи од Индонезија, Тајланд, Малезија и Шри Ланка работат напорно за расчистување на патиштата и доставување помош до луѓето погодени од тропската бура која одзеде повеќе од илјада животи во Југоисточна и Јужна Азија
Осомничениот за напад врз Националната гарда се радикализирал во САД
Американските власти веруваат дека авганистански имигрант обвинет за нападoт врз припадниците на Националната гарда во Вашингтон бил радикализиран дури откако пристигнал во земјата
Мадуро: САД сакаат да ја преземат контролата врз венецуелската нафта
Венецуелски претседател Николас Мадуро ги обвини Соединетите држави дека сакаат да ја преземат контролата врз нафтените резерви на неговата земја со зголемено воено присуство


