Палестинското милитантно движење Хамас му предаде уште две тела на наводни заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, соопшти израелската војска доцна ноќта кон неделата.
Форензичкиот институт во Тел Авив ќе го утврди идентитетот на останките.
Според важечкиот договор за прекин на огнот со Израел, Хамас мора да предаде вкупно 28 тела. Доколку Израел потврди дека телата вратени во саботата се тела на исчезнатите заложници, би требало да бидат вратени уште 16 посмртни останки на израелски заложници од Газа.
Хамас тврди дека е тешко да се пронајдат телата, бидејќи се затрупани под урнатините на бомбардираните згради и тунели уништени за време на двегодишната војна во Газа.
Хамас одведе во заложништво 251 лице во ненадејниот брутален напад врз погранични бази, градови и населби во јужен Израел.
Групата ги ослободи последните 20 живи заложници во понеделникот, а вкупно 168 беа вратени живи во текот на изминатите прекини на огнот.
Првата фаза од примирјето во војната меѓу Израел и Хамас, започнато од американскиот претседател Доналд Трамп, вклучува ослободување и предавање на сите заложници, живи и мртви.
Слични новости
Трамп и Нетанјаху разговараа за разоружувањето на Хамас и демилитаризацијата на Газа
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека тој телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за разоружувањето на милитантнатата организација Хамас и проширување на мировната спогодба.
САД се оптимисти околу преговорите за Украина
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е „мошне оптимистична“ во врска со постигнувањето договор за окончување на војната во Украина, изјави портпаролката на Белата куќа Керолајн Ливит.
Полицијата ги пребарува изгорените облакодери во Хонгконг, досега има 146 мртви
Властите во Хонгконг во понеделникот продолжија со потрагата по преостанатите облакодери уништени во масивен пожар во кој загинаа најмалку 146 лица, а стотици се раселени и сега се прилагодуваат на животот во привремени засолништа


