Палестинското милитантно движење Хамас му предаде уште две тела на наводни заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, соопшти израелската војска доцна ноќта кон неделата.

Форензичкиот институт во Тел Авив ќе го утврди идентитетот на останките.

 

Според важечкиот договор за прекин на огнот со Израел, Хамас мора да предаде вкупно 28 тела. Доколку Израел потврди дека телата вратени во саботата се тела на исчезнатите заложници, би требало да бидат вратени уште 16 посмртни останки на израелски заложници од Газа.

Хамас тврди дека е тешко да се пронајдат телата, бидејќи се затрупани под урнатините на бомбардираните згради и тунели уништени за време на двегодишната војна во Газа.

Хамас одведе во заложништво 251 лице во ненадејниот брутален напад врз погранични бази, градови и населби во јужен Израел.

Групата ги ослободи последните 20 живи заложници во понеделникот, а вкупно 168 беа вратени живи во текот на изминатите прекини на огнот.

Првата фаза од примирјето во војната меѓу Израел и Хамас, започнато од американскиот претседател Доналд Трамп, вклучува ослободување и предавање на сите заложници, живи и мртви.

globe

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер