Египетскиот напаѓач Мохамед Салах, неговиот нигериски колега во нападот Виктор Осимхен и мароканскиот дефанзивец Ашраф Хакими се финалисти за наградата за африкански играч на годината, објави Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF).
Салах одигра клучна улога во освојувањето на титулата на Ливерпул во Премиер лигата минатата сезона, постигнувајќи 29 гола и 18 асистенции.
Од друга страна, Осимхен го предводеше Галатасарај до двоен трофеј во Турција, завршувајќи како најдобар стрелец во лигата со 26 гола. Хакими ја освои Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен, заедно со двоен трофеј во Франција и европскиот Суперкуп.
Салах двапати беше прогласен за најдобар играч (2018, 2017) и двапати беше второпласиран (2019, 2022). Осимхен претходно ја освои наградата во 2023 година, додека Хакими беше второпласиран последните две години и сè уште чека на наградата.
Рекордери се Камерунецот Самуел Ето и репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Јаја Туре, со по четири титули.
На церемонијата во Рабат на 19-ти ноември ќе бидат доделени и награди за најдобар тренер, најдобар млад играч, голман, најдобра репрезентација и најдобар клуб…
Кандидати за најдобар тренер се селекторот на Мароко до 20 години, Мохамед Уаби, селекторот на Мароко, Валид Реграги и селекторот на Зелено’ртските Острови, Бубиста.
Слични новости
Нов кикс на Реал во Ла Лига
Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус
Важни бодови за Кристал Палас во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло


