Дефанзивецот на мароканската репрезентација и на Пари Сен Жермен, 27-годишниот Ашраф Хакими, беше прогласен за африкански фудбалер на годината на церемонија во Рабат.

По исклучителнате сезона со парискиот клуб, Хакими го освои престижниот трофеј што го доделува Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF).

Мароканскиот дефанзивец славеше пред напаѓачот на египетската репрезентација и на Ливерпул, Мохамед Салах, и напаѓачот на нигериската репрезентација и на Галатасарај, Виктор Осимхен.

Рекордери, инаку, се Камерунецот Самуел Ето и Јаја Туре од Брегот на Слоновата Коска со по четири титули.

Наградата за најдобар африкански клуб на годината ја доби египетски Пирамидис. Пирамидис ја освоија Африканската Лига на шампиони во јуни оваа година, откако во финалето го победија јужноафриканскиот Мамелоди Сандаун. Го освоија и Суперкупот на CAF со победа над мароканскиот Беркане, како и Купот на ФИФА Африка-Азија-Пацифик откако го победија саудискиот Ахли Џеда.

Наградата ја прими претседателот на клубот, Мамдух Еид, на церемонија во Рабат, кој им се заблагодари на тренерот, целиот персонал и играчите за големите успеси што ги постигна египетскиот клуб, кој беше основан во 2008 година.

За најдобар тренер беше прогласен Бубиста, кој се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година со репрезентацијата на Зелено’ртсктие Острови.

Најдобар голман е Мароканецот Јасин Буну од Ал-Хилал, а најдобар млад играч е мароканскиот напаѓач на Вотфорд, Отман Маама.

Наградата за најдобра играчка, исто така, отиде во рацете на Мароко. Гизлан Чебак, која беше прогласена за најдобра играчка на континентот, славеше пред својата сонародничка Санае Мсуди и Нигеријката Рашидат Аџибаде.

ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИТЕ:
Најдобар играч: Ашраф Хакими (Мароко, ПСЖ)
Тренер на годината: Бубиста, репрезентација на Зелено’ртските Острови
Најдобар голман: Јасин Буну (Мароко, Ал-Хилал)
Најдобар играч во Африка: Фистон Мајеле (ДР Конго, Пирамидс)
Најдобар млад играч: Отмане Маама (Мароко, Вотфорд)
Најдобар машки клуб: Пирамидс (Египет)
Најдобра репрезентација: Мароко до 20 години
Играчка на годината: Гизлан Чебак (Мароко, Ал-Хилал)
Најдобар голман: Кјамака Надозие (Нигерија, Брајтон)
Најдобар млад играч: Доха Ел Мадани (Мароко, АС ФАР)
Најдобра женска репрезентација: Нигерија

globe

Слични новости

Јанис Адетокумбо повторно се повреди, но останува во Милвоки

Јанис Адетокумбо повторно се повреди, но останува во Милвоки

Грчкиот крилен центар на теренот мина само три минути по што го истегна мускулот на десната потколеница и беше упатен во болница на снимање. Тренерот на Милвоки Док Риверс изјави дека магнетната резонанца потврдила дека е исклучена повреда на ахиловата тетива.

Киксови на Ливерпул и Челси

Киксови на Ливерпул и Челси

Ливерпул никако да излезе од кризата. Вечерва на нивниот Енфилд одиграа само 1:1 со Сандерленд и се подалеку се од борбата за одбрана на титулата, затоа што водечкиот Арсенал им се одлепи на цели 11 бодови предност.