Бајнанс најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека хакери украле повеќе од 6 милијарди долари, што се смета една од најголемите кражби на криптовалути досега.

Компанијата соопшти дека издвоила повеќе од 6,34 милијарди долари од своите средства за да ги покрие украдените средства и дека започнува со нивно повраќање за корисниците.

Криптовалутната берза увери и дека средствата на корисниците се „безбедни“ и дека сите загуби ќе бидат надоместени.

 

ФБИ соопшти дека Северна Кореја е одговорна за нападот во кој беа украдени дигитални средства од берзата за криптовалути „Бајнанс“.  Забележани биле актери на „TraderTraitor“ кои ги конвертираат украдените средства“ првенствено во етериуми.

 Експертите велат дека Северна Кореја има историја на активности во областа на сајбер-криминалот, а средствата често се користат за финансирање оружје

Слични новости

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Трамп најави дека цените на нафтените деривати во САД набргу ќе паднат на три долари за галон, а откако се ќе се заврши и под два долари за галон. Во моментов цената на дизелот во Калифорнија изнесува 5,86 долари за галон.