Австралиецот Оскар Пјастри (Мекларен) ќе ја започне спринтерската трка од пол-позицијата за Големата награда на Катар од Светското првенство во Формула 1 која на програмата е в сабота.

На Пјастри ќе му се придружи во првиот ред Британецот Џорџ Расел (Мерцедес), додека лидерот во генералниот пласман Ландо Норис (Мекларен) ќе стартува од третата позиција.

Актуелниот светски шампион Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) ќе стартува од шестата позиција.

Пред трката во сабота, Норис има 24 поени предност пред Пјастри и Верстапен.

До крајот на Светското првенство остануваат уште три трки – еден спринт каде победникот ќе освои осум бода и две „вистински“ трки каде победникот ќе освои 25 бода.

globe

Слични новости

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турските власти наредија во петокот апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење натпревари, соопштија обвинителите во Истанбул