Австралискиот возач Оскар Пјастри ја искористи најдобрата стартна позиција и победи на трката од Светскиот шампионат во Формула 1 што се одржа во неделата во Шангај за Големата награда на Кина, додека неговиот тимски колега, Британецот Ландо Норис, обезбеди двојно славје во таборот на Мекларен со освојување на второто место.
Ова е трета победа во кариерата за 23-годишниот Австралиец, кој ја започна својата трета сезона во Формула 1 натпреварувањата. Пијастри ја мина целта со нешто помалку од 10 секунди пред Норис (+9,748).

На дуото Мекларен на подиумот му се придружи и Британецот Џорџ Расел во Мерцедес (+11.097), додека четвртото место го освои актуелниот светски шампион Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул (+16.656).
Возачите на Ферари, монежанецот Шарл Леклер и Британецот Луис Хамилтон, ја завршија трката на петтата и шестата позиција.
По две трки, Ландо Норис го задржа водството во генералниот пласман со 44 бодови, а тројца возачи се набиени зад него на два бода: Макс Верстапен (36), Џорџ Расел (35) и Оскар Пјастри (34).
Следната трка од Светскиот шампионат во Формула 1 е закажана за 6-ти април, а ќе се одржи во Сузуки за Големата награда на Јапонија.
Слични новости
Одржана жрепката за Евробаскет
Жрепката за годинешното Европско првенство во кошарка беше одржана во летонскиот главен град Рига
Мбапе најмногу заработува во Европа, а Халанд во Премиер лигата
Францускиот спортски весник L’Equipe објави истражување за најплатените играчи и тренери во водечките европски фудбалски клубови, а најголемите бруто плати ги имаат напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне
Леброн во последната секунда ја прекина низата порази на Лејкерс, Јокиќ се врати со „трипл-дабл“
Лос Анџелес Лејкерс ја совлада домашната екипа Индијана Пејсерс со 120:119 во Индијанаполис, а победата ја обезбеди Леброн Џејмс со кош со последниот судиски свиреж