Австралискиот возач Оскар Пјастри ја искористи најдобрата стартна позиција и победи на трката од Светскиот шампионат во Формула 1 што се одржа во неделата во Шангај за Големата награда на Кина, додека неговиот тимски колега, Британецот Ландо Норис, обезбеди двојно славје во таборот на Мекларен со освојување на второто место.
Ова е трета победа во кариерата за 23-годишниот Австралиец, кој ја започна својата трета сезона во Формула 1 натпреварувањата. Пијастри ја мина целта со нешто помалку од 10 секунди пред Норис (+9,748).

На дуото Мекларен на подиумот му се придружи и Британецот Џорџ Расел во Мерцедес (+11.097), додека четвртото место го освои актуелниот светски шампион Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул (+16.656).
Возачите на Ферари, монежанецот Шарл Леклер и Британецот Луис Хамилтон, ја завршија трката на петтата и шестата позиција.
По две трки, Ландо Норис го задржа водството во генералниот пласман со 44 бодови, а тројца возачи се набиени зад него на два бода: Макс Верстапен (36), Џорџ Расел (35) и Оскар Пјастри (34).
Следната трка од Светскиот шампионат во Формула 1 е закажана за 6-ти април, а ќе се одржи во Сузуки за Големата награда на Јапонија.
Слични новости
Втори победи за Англија, БиХ и Полска во европските квалификации за мундијалот 2026.
Очекувано, стопроцентна е селекцијата на Англија, откако ја совлада Летонија со 3:0 (1:0) како домаќин во групата Л
Мексико побеник на турнирот КОНКАКАФ
Мексико ја совлада Панама со 2:1 во финалето на Лигата на нации во КОНКАКАФ во Инглвуд во неделата, а победата ја обезбеди двојниот стрелец Раул Хименез
НБА: Оклахома подобра од Клиперс, Кливленд се врати на победите
Оклахома Сити Тандер ја продолжи својата победничка серија на шест натпревари совладувајќи го Лос Анџелес Клиперс со 103:101 синоќа во Инглвуд.