Актуелниот светски шампион, Холанѓанецот Макс Верстапен во болидот на Ред Бул, е победник на Големата награда на Катар, која се возеше на Меѓународната патека Лусаил, што ја прави борбата за шампионската титула што е можно покомплицирана пред последната трка од сезоната во Абу Даби.
Пред 23-та трка од сезоната, Верстапен беше трет со 371 бод, зад дуото на Мекларен, Ландо Норис со 396 и Оскар Пјастри со 374 бода.
Сепак, по неговата 70-та победа во кариерата и седма оваа сезона, Холанѓанецот сега е втор со 396 бода, 12 помалку од лидерот Норис и четири повеќе од Пјастри.
Интересно е што првите тројца возачи имаат по седум победи оваа сезона. Во нивно друштво успеа да влезе сезонава само Џорџ Расел со две победи.
„Беше неверојатна трка за нас, донесовме правилни одлуки во боксот. Беше многу важна трка за нас по тешкиот викенд“, рече Холанѓанецот, кој пред три месеца заостануваше 104 поени.
Верстапен победи пред Пјастри, кој ја имаше пол-позицијата и славеше во саботниот спринт, додека Шпанецот Карлос Саинц во Вилијамс беше трет. Водечкиот Норис беше четврти.
„Очигледно не се снајдовме добро вечерва. Возев најбрзо што можев, но не беше судено да биде. Гледајќи наназад, прилично е очигледно што требаше да направиме, но ќе разговараме за тоа. Малку е тешко да се прифати во моментов“, рече разочараниот Пјастри.
Од друга страна, Карлос Саинц беше задоволен.
„Горд сум на целиот тим. Влеговме во овој викенд мислејќи дека ќе биде најтешкиот викенд во годината и излеговме со подиум. Успешно ја составивме стратегијата, стартот беше одличен, денес направивме сè како што треба“, рече возачот на Вилијамс.
Шампионатот ќе биде одлучен следната недела во Абу Даби, исто како што беше решена последната трка во 2021 година, кога Верстапен победи во битката со легендарниот Луис Хамилтон.
Норис не успеа да ја искористи својата прва „меч-топка“, но сепак е во најдобра позиција бидејќи едно од првите три места му ја обезбедува шампионската титула.
Слични новости
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1
Интер Мајами првпат ја освои МЛС
Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето


