Водечкиот тандем во горинешното Светско првенство во Формула 1, Британецот Ландо Норис и неговиот клупски колега од Мекларен, Австралијанецот Оскар Пјастри, се дисквалификувани по завршувањето на трката за Големата награда на Лас Вегас возена во неделата, откако трката ја завршија на втората односно четвртата позиција.

И двајцата беа дисквалификувани поради технички причини, бидејќи подните заштитни плочи на подвозјето на нивните болиди биле потенки од потребните 9 милиметри, соопшти ФИА. Подните плочи на подвозјето на двете возила биле за 0,12 мм премногу тенки напред и 0,07 мм премногу тенки назад, соопшти ФИА. Управното тело нагласи дека прекршувањата на правилата биле ненамерни и дека немало намерен обид за заобиколување на прописите.

Макс Верстапен, доминантен победник во својот Ред Бул, беше најголемиот победник на трката во пустината Невада, бидејќи Норис го загуби второто место и 18-те поени што ги освои во трката за шампионатот.

Подиумот го комплетираа двајца возачи на Мерцедес, Британецот Џорџ Расел и Италијанецот Кими Антонели, кои се искачија поради дисквалификацијата на возачите на Мекларен.

На две трки што преостануваат до крајот на сезоната, предноста на Норис пред Пјастри и Верстапен е намалена од 30 на само 24 бода, а Холанѓанецот и Австралијанецот сега се израмнети во генералниот пласман.

Сезоната продолжува следнито викенд со спринт трка во Катар, каде што Норис сè уште може да ја освои својата прва светска титула. Завешницата на сезоната ќе се одржи во Абу Даби за две седмици, со максимални 58 бода кои може да ги освои секој возач.

globe

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа