Фудбалската федерација на Македонија и официјално покрена дисциплинска постапка против фудбалскиот клуб Вардар поради недоличното однесување при прославата на шампионската титула, освоена во петокот.
Најтрофејниот македонски клуб ја осигура својата 12. шампионска титула со победа на гостувањето кај Струга со 1-0 во претпоследното коло од сезоната.
Наместо прославата да мине во спортски дух, „црвено-црните“ се најдоа во центарот на вниманието по снимките од угостителски објект, на кои фудбалерите, стручниот штаб и раководните лица пеат песни со навредлива содржина.
Осуди за инцидентот пристигна од повеќе страни, пред сè од Министерството за спорт и од Фудбалската федерација на Македонија. ФК Вардар сега се соочува со казна, откако случајот денеска и официјално се најде во билтенот на Дисциплинската комисија.
Одлука околу евентуалната казна веројатно ќе има следната недела, откако ќе биде комплетирана сезоната.
Во сабота, на 23 мај, Вардар ја пречекува Шкендија во последното коло по што ќе следува прослава на титулата во Градскиот парк во Скопје.
Слични новости
По скратена постапка ќе се носи предлог на закон за задолжување на земјата
Иако по новата еврообврзницата се бараа и дополнителни 300 милиони евра за буџетски потреби, неколку банки меѓу кои од Германија, Аргентина, САД, Австрија се договориле да дадат 260 милиони евра.
Протест за правосуден испит на албански јазик
Студентите Албанци денеска повторно ќе протестираат со барање правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Протестот следува еден месец по првиот собир организиран пред Министерството за правда и Владата.
Папаставру: Природниот гас од Грција ќе оди во Северна Македонија и Србија
Министерот за енергетика и животна средина на Грција Ставрос Папаставру, изјави дека се проширува вертикалниот коридор на гасоводот со Македонија и Србија, што и дава на Грција геополитичка стабилност.


