Фудбалската федерација на Македонија и официјално покрена дисциплинска постапка против фудбалскиот клуб Вардар поради недоличното однесување при прославата на шампионската титула, освоена во петокот.

Најтрофејниот македонски клуб ја осигура својата 12. шампионска титула со победа  на гостувањето кај Струга со 1-0 во претпоследното коло од сезоната.

Наместо прославата да мине во спортски дух, „црвено-црните“ се најдоа во центарот на вниманието по снимките од угостителски објект, на кои фудбалерите, стручниот штаб и раководните лица пеат песни со навредлива содржина.

Осуди за инцидентот пристигна од повеќе страни, пред сè од Министерството за спорт и од Фудбалската федерација на Македонија. ФК Вардар сега се соочува со казна, откако случајот денеска и официјално се најде во билтенот на Дисциплинската комисија.

Одлука околу евентуалната казна веројатно ќе има следната недела, откако ќе биде комплетирана сезоната.

Во сабота, на 23 мај, Вардар ја пречекува Шкендија во последното коло по што ќе следува прослава на титулата во Градскиот парк во Скопје.

 

Слични новости

Пожарот во Визбегово е сеуште активен

Пожарот во Визбегово е сеуште активен

Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи. На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање.