Клубовите ширум светот потрошиле 8,59 милијарди долари на меѓународни трансфери во 2024 година, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во својот Глобален извештај за трансферите објавен во четвртокот.
Оваа бројка е втора најголема потрошувачка по рекордната 2023 година кога клубовите потрошија 9,63 милијарди долари на меѓународните преминувања на играчите.
Клубовите направиле 22.779 трансфери во машкиот фудбал. ФИФА објави и дека минатата година биле направени рекордни 78.742 меѓународни трансфери во машкиот и женскиот фудбал, како и во аматерскиот фудбал.
Англиските клубови повторно беа трошачи број еден со 1,88 милијарди долари потрошени за дојдовни трансфери, додека добија и 1,34 милијарди долари за играчи кои си заминаа од нивните клубови.
Најскапиот интернационален трансфер беше преселбата на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез од Манчестер Сити во Атлетико Мадрид во зделката вредна околу 78,26 милиони долари, плус 20 милиони долари потенцијални додатоци.
Во првите пет меѓународни трансфери се и Гонкало Рамос од Бенфика во Пари Сен Жермен, Лени Јоро од Лил во Манчестер Јунајтед, Жоао Невес од Бенфика во Пари Сен Жермен и Дани Олмо од РБ Лајпциг во Барселона.
ПСЖ бил европскиот клуб кој потрошил најмногу на меѓународни трансфери, но не се дадени информации колку парижските „Светци“ точно потрошиле, а потоа следат Манчестер Јунајтед и Лион.
Најмногу трансфери имало меѓу бразилските и португалските клубови, вкупно 485, сметајќи ги заминувањата од Бразил во Португалија (262) и од Португалија во Бразил (223).
Женскиот фудбал достигнал рекордно трошење од 15,6 милиони долари за меѓународни трансфери во 2024 година, што е двојно повеќе од трошоите во 2023 година (6,1 милиони долари).
Најголемиот трансфер во женскиот фудбал минатата година изнесуваше 862.000 долари, кои Беј ги плати во февруари за замбиската интернационалка Рахеал Кунданањи по нејзиното пристигнување од Мадрид ЦФФF.
Меѓутоа, во јануари оваа година тој рекорд беше соборен кога Челзи плати 1,1 милион долари за трансферот на 24-годишната американска интернационалка Наоми Гирма од Сан Диего Вејв.
Слични новости
Синер се откажа од турнирот во Ротердам
Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер, кој во неделата ја одбрани титулата на Австралија опен, се повлече од одбраната на титулата на АТП 500 турнирот во сала во Ротердам
Поранешен белгиски репрезентативец уапсен во истрага за шверц на кокаин
Поранешниот фудбалски репрезентативец на Белгија, Раџа Наинголан е уапсен во понеделникот како дел од истрагата за шверц на кокаин преку пристаништето Антверпен
Нејмар се откажува од огромна плата за да се врати во Сантос
Бразилскиот напаѓач 32-годишниот Нејмар треба да се врати во Сантос, клубот во кој ја започна својата играчка кариера и покрај тоа што заработува неверојатни 150 милиони евра годишно во саудиски Ал-Хилал