Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ ја заврши судиската кариера, соопшти Фудбалскиот сојуз на Словенија. Винчиќ кој има 56 години, пред осум дена го судеше финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина и стана првиот Словенец кој судел финале на Мундијал.

Меѓународниот институт за фудбалска историја го пргласи Славко Винчиќ за најдобар судија на овогодинешното Светско првенство.

Винчиќ беше на листата на меѓународни фудбалски судии од 2010. За време на криерата судеше големи фудбалски натпревари вклучувајќи го и финалето на Лига Европа во 2022 и финалето на Лигата на Шампионите меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во 2024.

Слични новости