Фудбалерите на Штутгарт се пласираа во финалето на купот на Германија откако го победија Фрајбург со 2:1 по продолженија.

Фрајбург поведе преку Максимилијан Егештајн во 28 минута, а изеднаќи Денис Ундав во 70. На истекот од продолженијата, во 120-тата минута од мечот, Тијаго Томас ја донесе победата на Штутгарт.

Штутгарт кој лани го освои купот во финалето ќе игра против Баерн од Минхен кој во првото полуфинале го совлада баер Леверкузен со 2:0.

Финалето на германскиот куп ќе се игра на 27 мај во Берлин.

Слични новости

Лејкерси поразени од слабиот Далас без Лука Дончиќ

Лејкерси поразени од слабиот Далас без Лука Дончиќ

Далас ја прекина најлошата сероја порази на домашен терен против Лејкерс со победа од 134:128 благодарение на извонредната партија на „рукито“ Купер Флег. Новајлијата околу кој Далас ќе го гради тимот во иднина Купер Флег на Лејкерси им уфрли дури 45 коша