Фудбалерите на Штутгарт се пласираа во финалето на купот на Германија откако го победија Фрајбург со 2:1 по продолженија.
Фрајбург поведе преку Максимилијан Егештајн во 28 минута, а изеднаќи Денис Ундав во 70. На истекот од продолженијата, во 120-тата минута од мечот, Тијаго Томас ја донесе победата на Штутгарт.
Штутгарт кој лани го освои купот во финалето ќе игра против Баерн од Минхен кој во првото полуфинале го совлада баер Леверкузен со 2:0.
Финалето на германскиот куп ќе се игра на 27 мај во Берлин.
Слични новости
Јувентус и официјално потпиша нов договор со Лучиано Спалети
Спалети го презеде Јувентус од Игор Тудор за време на оваа сезона, го стабилизираше тимот и управата на Јувентус смета дека тој е човекот кој ќе го врати Јувентус во врвот на италијанскиот фудбал.
Атлетико Мадрид вчера за прв пат ја победи Барцелона на Камп Ноу под водство на Диего Симеоне
Фудбалерите на Атлетико од Мадрид синоќа направија голем чекор кон пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако како гости ја совладаа Барцелона со 2:0.
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике жали што не го победи Ливерпул уште поубедливо
Фудбалерите на Париз Сен Жермен синоќа сосема го надиграа Ливерпул на „Паркот на принцовите“ и победија со 2:0 во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите.


