Фудбалерите на лацио синоќа на гости го победија Удинезе во третотот коло од Серија А.
Удинезе имаше предност во 49-тата минута со голот на Јаспер Карлстром, но гостите од Рим дојдоа до пресврт со головите на Давиде Фратези во 75-тата минута и Алберт Гудмунсон во 88-та минута од натпреварот.
По три одиграни кола во Серија А Лацио има максимални девет бодови, колку што имаат и Рома и Интер, а Удинезе е 10-ти со 4 бодови.
Во следното коло Лацио на домашен терен ќе игра против Милан.
Слични новости
Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч на Премиер лигата
Фернандеш минатата сезона го собори рекордот на Премиер лигата со дури 21 асистенција, а постигна и девет гола, со што му помогна на јунајтед да го освои третото место и да се врати во Лигата на шампионите.
