Фудбалерите на лацио синоќа на гости го победија Удинезе во третотот коло од Серија А.
Удинезе имаше предност во 49-тата минута со голот на Јаспер Карлстром, но гостите од Рим дојдоа до пресврт со головите на Давиде Фратези во 75-тата минута и Алберт Гудмунсон во 88-та минута од натпреварот.
По три одиграни кола во Серија А Лацио има максимални девет бодови, колку што имаат и Рома и Интер, а Удинезе е 10-ти со 4 бодови.
Во следното коло Лацио на домашен терен ќе игра против Милан.
Слични новости
Швајцарија-Македонија 3:0, продолжува низата порази без постигнат гол
Особено загрижува фактот што на четири натпревари колку што досега одигра во Б дивизијата на Лигата на нации, Македонија не успеа да постигне гол.
Крај на една ера во Ливерпул: Ван Дајк има понуди од европските великани
Капитенот на Ливерпул и на холандската репрезентација Вирџил Ван Дајк на крајот од сезоната го напушта „Енфилд“. Ван Дајк според договорот ја игра својата последна сезона во Ливерпул.
Четврти пораз во низа на Србија
Селекцијата на Србија синоќа загуби со 2:1 на гостувањето во „Филипс“ арената во Ајндховен од Холандија во четвртото коло од Лигата на нациите. Ова беше и четврти пораз на селекторот Вељко Пауновиќ во четвртиот меч од Лигата на нациите.


