Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во полуфиналето на Мундијалот, откако ја совлада Норвешка по продолженија со 2:1. Англичаните четврти пат во историјата стигнуваат до полуфинале на СДветско првенство, а Норвежаните со пласманот меѓу 8-те најдобри го забележаа најдобриот резултат во историјата.

Норвешка поведе со голот на Андреас Шјелдруп во 36-тата минута од натпреварот, а изедначи Џуд Белингам во втората минута од судиското надокандување во првото полувреме.

Белингам и ја донесе победата на Англија во продолженијата, по шутот на Морган Роџерс и лошата интервенција на норвешкиот голман Ниланд кој ја одби топката до Белингам, кој го постигна својот шести гол на турнирот.

 

Слични новости

Аргентина во финалето на Светското првенство по пресврт против Англија

Аргентина во финалето на Светското првенство по пресврт против Англија

Во 85-тата минута по асистенција на Меси Енцо Фернадез постигна прекрасен гол од 20 метри. Во втората минута од судиското надополнување, Мекалистер шутираше и ја погоди стативата, топката се одби кај Меси кој центрираше и го пронајде Лаутаро Мартинез кој со глава и ја донесе победата на Аргентина.