Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во полуфиналето на Мундијалот, откако ја совлада Норвешка по продолженија со 2:1. Англичаните четврти пат во историјата стигнуваат до полуфинале на СДветско првенство, а Норвежаните со пласманот меѓу 8-те најдобри го забележаа најдобриот резултат во историјата.

Норвешка поведе со голот на Андреас Шјелдруп во 36-тата минута од натпреварот, а изедначи Џуд Белингам во втората минута од судиското надокандување во првото полувреме.

Белингам и ја донесе победата на Англија во продолженијата, по шутот на Морган Роџерс и лошата интервенција на норвешкиот голман Ниланд кој ја одби топката до Белингам, кој го постигна својот шести гол на турнирот.

 

Слични новости

Златната топка за Родри, Симон најдобар голман, Кубарси најдобар млад фудбалер

Златната топка за Родри, Симон најдобар голман, Кубарси најдобар млад фудбалер

Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија Родри е добитник на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на Мундијалот. Играчот за врска на Шпанија изигра особено квалитетно во полуфиналето и финалето против Франција и Аргентина.