На куќата на популарниот пејач Здравко Чолиќ во Белград е фрлена експлозивна направа која направила голема штета, пренесе Танјуг.
Според првичните информации на српските медиуми, во настанот немало повредени.
Според сознанијата, станува збор за рачна бомба, а мотивите за нападот врз домот на Здравко Чолиќ во Блеград, засега не се познати.
Белградската полиција изврши увид на местото на настанот, заедно со виш обвинител и ги утврдува околностите на овој напад.
Слични новости
Фреската на Микелаџело „Страшниот суд“ се реставрира по 30 години
Фреската на Микеланџело „Страшниот суд“, ремек -дело на ренесансата во Сикстинската капела во Ватикан, минува низ својата прва реставрација во последните 30 години, пренесе Ројтерс.
Шпанија го забранува пристапот на социјални мрежи за деца помлади од 16 години
„Нашите деца се изложени во простор во кој никогаш не требаше сами да се снаоѓаат. Тоа веќе нема да го толерираме. Ќе ги заштитиме од дигиталниот Див запад“, порача Санчез.
Објавен трејлерот на „Ѓаволот носи прада 2“
Во филмот кој повторно е посветен на модната индустрија, 20 години подоцна повторно играат Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи од оригиналниот каст.