На куќата на популарниот пејач Здравко Чолиќ во Белград е фрлена експлозивна направа која направила голема штета, пренесе Танјуг.

Според првичните информации на српските медиуми, во настанот немало повредени.

Според сознанијата, станува збор за рачна бомба, а мотивите за нападот врз домот на Здравко Чолиќ во Блеград, засега не се познати.

Белградската полиција изврши увид на местото на настанот, заедно со виш обвинител и ги утврдува околностите на овој напад.

 

Слични новости

Номинираните за Оскар се вратија во Лос Анџелес по паузата поради ланските пожари

Номинираните за Оскар се вратија во Лос Анџелес по паузата поради ланските пожари

Меѓу присутните беа и актерските ветерани кои за прв пат добиваат номинација за оскар, Швеѓанецот Стелан Скарсгард (Сентиментална вредност) кој ја доби својата прва номинација на 74 годишна возраст