На куќата на популарниот пејач Здравко Чолиќ во Белград е фрлена експлозивна направа која направила голема штета, пренесе Танјуг.

Според првичните информации на српските медиуми, во настанот немало повредени.

Според сознанијата, станува збор за рачна бомба, а мотивите за нападот врз домот на Здравко Чолиќ во Блеград, засега не се познати.

Белградската полиција изврши увид на местото на настанот, заедно со виш обвинител и ги утврдува околностите на овој напад.

 

Слични новости

Премиерите на „Хоперс“ и „Невестата“ се очекува да доминираат на Бокс Офисот овој викенд

Премиерите на „Хоперс“ и „Невестата“ се очекува да доминираат на Бокс Офисот овој викенд

Анимираниот филм на Пиксар „Хоперс“ се очекува да има најдобро отварање за ова студио во последната деценија. Пиксар кој е дел од студиото Дизни очекува премиерата на „Хоперс“ да донесе заработка од околу 88 милиони долари на премиерниот викенд, од кои во САД близу 40 милиони.