Фреската на Микеланџело „Страшниот суд“, ремек -дело на ренесансата во Сикстинската капела во Ватикан, минува низ својата прва реставрација во последните 30 години, пренесе Ројтерс.

Експертите во текот на три месеци ќе работат на остранување на честички кои се наталожија со децении и кои ги прекрија боите на ова уметничко дело, соопшти Ватикан.

„Новата интервенција ќе овозможи отстранување на овие наслаги и постепено враќање на хроматскиот и луминистички квалитет што го посакувал Микеланџело“, се вели во соопштението од Ватикан.

Сикстинската капела, позната како место на тајната конклава каде што католичките кардинали од целиот свет гласаат за избор на нов папа, секоја година прима милиони посетители.

Слични новости

Пол Макартни најави нов албум

Пол Макартни најави нов албум

Легенадрниот басист на Битлси Пол макартни подготвува нов албум со наслов „The Boys of Dungeon Lane“. Албумот е создаден во соработка со продуцентот Ендру Вот и ќе биде објавен на 29 мај