
Промоцијата на биопикот за Боб Дилан „Целосно непознат“ со Тимоти Шаламе предизвика големо внимание на берлинскиот фестивал, особено што Шаламе дојде облечен во розево со неговата девојка Кајли Џенер која е сестра на Ким Кардашијан. Двојката застана пред објективите на камерите и се бакна.
Шаламе кој е номиниран за Оскар за филмот Целосно непознат беше прашан од новинарите како врз него влијае толкувањето на улогата на Боб Дилан во време кога се случува „раст на поулизмот и екстремната десница“. Шаламе, сакаше да го одбегне прашањето и не сакаше да зборува за политика, и рече дека не би сакал да зборува од името на Боб Дилан кој е жив и здрав и живее во Малибу.
Слични новости
Селена Гомез и Бени Бланко го објавија албумот „Јас прв реков дека те сакам“
Ова е прв заеднички албум на двојката, а при неговото издавање СМГ Мјузик соопшти дека тој е директен резултат на задоволството што двајцата го чувствуваат додека креативно работат заедно.
Кејт Бланшет смета дека Оскарите не треба директно да се пренесуваат на телевизија
Кејт Балншет смета дека ноќта на оскарите и другите награди кои ги доделува филмската индустрија треба да бидат приватни и да не се емитуваат на телевизија.
Финска најсреќна земја на светот, Македонија на 86 место
Според таканаречениот „извештај за среќата“ од 2025, листата на најсреќни земји ја предводат скандинавските држави. Од земјите на поранешна Југославија Македонија е на најлошото 86-то место.