Француските пратеници во вторникот усвоија итен закон за привремен буџет за да се одржи непречено функционирање на земјата во јануари, сè додека длабоко поделениот парламент не го одобри целосниот буџет за 2026 година.
Премиерот Себастијан Лекорну побрза да го поднесе законот доцна во понеделникот, откако пратениците во двата дома не успеаја да постигнат компромис за текстот на буџетот за 2026 година во петокот, поради поделбите околу намалувањето на трошоците и зголемувањето на даноците.
Законот, кој беше денеска едногласно усвоен од Долниот дом и Сенатот, ѝ овозможува на земјата да ги пренесе ограничувањата за трошење од 2025 година во новата година, како и да продолжи да собира даноци и да издава хартии од вредност и задолжувања.
„Ова ќе ни овозможи собирање на даноците и функционирање на јавните служби од 1 јануари“, рече Лекорну во обраќањето до нацијата во вторник вечерта, пред одобрувањето од Сенатот.
Инвеститорите и агенциите за рејтинг внимателно ги следат француските финансии, додека Лекорну се бори да го ограничи буџетскиот дефицит, кој оваа година е 5,4 отсто од националниот доход, највисок во еврозоната која ја сочинуваат 20 земји.
Малцинската влада на Лекорну има малку простор за маневрирање во поделениот парламент, каде што буџетските битки веќе соборија три влади откако претседателот Емануел Макрон го загуби мнозинството на предвремените избори во 2024 година.
Лекорну рече дека сега ќе се фокусира со својот кабинет и различните политички партии на преговори за сеопфатен буџет за следната година, со буџетски дефицит помал од 5 отсто од бруто домашниот производ (БДП).
Франција и минатата години користеше итен закон за привремен буџет, сè додека во февруари не беше усвоен сеопфатниот буџет за 2025 година, за кој владата вели дека ја чинел земјата 12 милијарди евра бидејќи не успеала да почне да штеди и да заработува повеќе пари навреме како што беше планирано. Владата предупредува дека секој ден доцнење е губење пари.
Слични новости
Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите на патиштата и граничните премини
Земјоделците на одржаниот состанок со учество на претставници на над 50 блока од цела Грција, одлучија продолжување на активностите, но и заострување на блокадите и штрајковите во следните денови, а паралелно уште еднаш го одбија повикот од Владата за дијалог.
Економист: Европската Унија слаба и немоќна
Неуспехот на ЕУ да го преземе замрзнатиот руски имот за финансирање на Украина ќе го засили ставот на Вашингтон за блокот како небитна и „немоќна сила“, пишува британскиот весник „Економист“.
Грчките фармери ќе ги деблокираат патиштата за Божикните празници
Грчките фармери решија да ги продолжат блокадите на патиштата и граничните премини во Грција секој ден од 18 до 22 часот, но најавија дека за време на божиќните празници од 23-29 декември ќе ги отворат сите наплатни рампи кои ги имаа блокирано.

