Француските пратеници во вторникот усвоија итен закон за привремен буџет за да се одржи непречено функционирање на земјата во јануари, сè додека длабоко поделениот парламент не го одобри целосниот буџет за 2026 година.

Премиерот Себастијан Лекорну побрза да го поднесе законот доцна во понеделникот, откако пратениците во двата дома не успеаја да постигнат компромис за текстот на буџетот за 2026 година во петокот, поради поделбите околу намалувањето на трошоците и зголемувањето на даноците.

Законот, кој беше денеска едногласно усвоен од Долниот дом и Сенатот, ѝ овозможува на земјата да ги пренесе ограничувањата за трошење од 2025 година во новата година, како и да продолжи да собира даноци и да издава хартии од вредност и задолжувања.

„Ова ќе ни овозможи собирање на даноците и функционирање на јавните служби од 1 јануари“, рече Лекорну во обраќањето до нацијата во вторник вечерта, пред одобрувањето од Сенатот.

Инвеститорите и агенциите за рејтинг внимателно ги следат француските финансии, додека Лекорну се бори да го ограничи буџетскиот дефицит, кој оваа година е 5,4 отсто од националниот доход, највисок во еврозоната која ја сочинуваат 20 земји.

Малцинската влада на Лекорну има малку простор за маневрирање во поделениот парламент, каде што буџетските битки веќе соборија три влади откако претседателот Емануел Макрон го загуби мнозинството на предвремените избори во 2024 година.

Лекорну рече дека сега ќе се фокусира со својот кабинет и различните политички партии на преговори за сеопфатен буџет за следната година, со буџетски дефицит помал од 5 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Франција и минатата години користеше итен закон за привремен буџет, сè додека во февруари не беше усвоен сеопфатниот буџет за 2025 година, за кој владата вели дека ја чинел земјата 12 милијарди евра бидејќи не успеала да почне да штеди и да заработува повеќе пари навреме како што беше планирано. Владата предупредува дека секој ден доцнење е губење пари.

globe

Слични новости

Киднапирани 28 лица  во Нигерија

Киднапирани 28 лица во Нигерија

Дваесет иосум лица, вклучувајќи жени и деца, беа киднапирани од вооружени лица во неделата навечер додека патувале на муслимански фестивал во централна Нигерија

Зеленски: Разговорите за завршување на војната се „многу блиску до вистински резултат“

Зеленски: Разговорите за завршување на војната се „многу блиску до вистински резултат“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот доцна вечерта изјави дека преговорите со Соединетите држави и западноевропските земји со цел завршување на речиси четиригодишната војна со Русија се „многу блиску до вистински резултат