Акциите на најголемите француски банки денеска повторно паднаа поради обновените страхувања од политичка нестабилност во земјата и неизвесноста околу идната економска политика.
Според податоците од берзата, акциите на банките БНП Париба и Креди агрокол падна до 4,4 насто, а акциите на Сосиет Женерал паднаа до 4 насто. Ова го собори паневропскиот индекс на целиот банкарски сектор Стохх Еуропе 600 Банкс, пренесува Блумберг.
Инвеститорите се особено загрижени поради јавните финансии на Франција, кои веќе се под голем притисок, како и поради неизвесноста кој ќе го наследи претседателот Емануел Макрон следната година.
Слични новости
Нафтата Брент падна на 88 долари
Цената на нафтата Брент денеска на берзите падна за 1,05 насто на 88, 049 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ падна за 1.01 насто на 81,64 долари за барел.
Берзите во исчекување на кварталните извешати на големите компании
Најголемото внимание на берзите неделава ќе биде насочено кон извештаите на Алфабет и Тесла во среда, како и Интел во четврток, кои веројатно ќе имаат клучно влијание на движењето на американските и светските берзи
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите во вториот квартал оваа година, а овој тренд се очекува да продолжи и во третиот квартал соопшти Европската централна банка.

