Акциите на најголемите француски банки денеска повторно паднаа поради обновените страхувања од политичка нестабилност во земјата и неизвесноста околу идната економска политика.

Според податоците од берзата, акциите на банките БНП Париба и Креди агрокол падна до 4,4 насто, а акциите на Сосиет Женерал паднаа до 4 насто. Ова го собори паневропскиот индекс на целиот банкарски сектор Стохх Еуропе 600 Банкс, пренесува Блумберг.

Инвеститорите се особено загрижени поради јавните финансии на Франција, кои веќе се под голем притисок, како и поради неизвесноста кој ќе го наследи претседателот  Емануел Макрон следната година.

Слични новости

Нафтата Брент доближува 100 долари за барел

Нафтата Брент доближува 100 долари за барел

Брент нафтата на денешните берзи се трува за 98 долари за барел и се прибличува до границата од 100 долари, која беше надмината во март годинава на почетокот на конфликтот меѓу САД и Иран. Нападите на Хутите врз танкери во Црвеното море, заедно со намалените изгледи за мир со Иран ги туркаат цените на нафтата нагоре.

Рекордни приходи на компанијата Алфабет

Рекордни приходи на компанијата Алфабет

Остварувањата на „Алфабет“ ги надминаа прогнозите на аналитичарите, но нивните акции сепак паднаа, поради најавите за капитални расходи кои во 2026 би можеле да достигнат дури 205 милијарди долари.

Акциите на Тесла паднаа за 4 насто

Акциите на Тесла паднаа за 4 насто

Главната причина за незадоволството на инвеститорите е поради остриот пад на заработката по акција која изнесуваше 0,33 долари по акција во однос на прогнозираниот профит од 0,51 долар по акција, како и во слабите профитни маржи.