Франција почна да ја повлекува својата војска од Чад, откако нејзините борбени авиони се вратија од главниот град Нџамена, соопшти француската војска, само две седмици откако локалните власти соопштија дека ја прекинуваат одбранбената соработка меѓу двете земји.

Во неочекуван потег што ги изненади француските власти, владата на Чад, клучен западен сојузник во борбата против исламистичките милитанти во регионот Сахел, на 28 ноември ненадејно го прекина договорот за одбранбена соработка со Франција.

Деталите за повлекувањето, како и евентуалниот престој на дел од француските војници во централноафриканската земја, допрва треба да се договорат, но првите борбени авиони „Mirage“ во вторникот се вратија во нивната база на истокот на Франција.

„Ова го означува почетокот на враќањето на француската опрема стационирана во Нџамена“, рече портпаролот на француската војска Гијом Верне.

Франција веќе ги повлече своите војници од Мали, Буркина Фасо и Нигер откако во овие западноафрикански држави власта ја преземаа армиските струкури незадоволни од ангажманот на француските сили во борбите против џихдистите во Сахел и широко распространетата антифранцуска атмосфера во поранешните француски колонии кои се чувствуваат и натаму експлоатирани во ресурсите.

Повлекувањето од Чад го означува крајот на повеќедецениското присуство на француската војска во регионот Сахел и крајот на директните француски воени операции против исламистичките милитанти во областа.

Франција сè уште има околу 1.000 војници во Чад. Верне рече дека ќе бидат потребни неколку седмици за да се заврши целосното повлекување.

globe

Слични новости

Пентагон призна дека има двојно повеќе војници во Сирија

Пентагон призна дека има двојно повеќе војници во Сирија

Пентагон во четвртокот соопшти дека има 2.000 американски војници во Сирија, што е двојно повеќе од 900-те претходно потврдени, и појасни дека дополнителните трупи се „привремени сили“ и поддршка во борбата против милитантите на Исламската држава