Предлогот за гласање за недоверба, што го поднесе крајно десничарскиот Национален собир го поддржаа 144 членови на парламентот. Меѓутоа, беа потребни 289 гласови за да биде прифатен. Предлогот на крајната левица за кој се гласаше претходно, исто така, не помина.
Лекорну, францускиот премиер со најкус мандат во модерната ера на Петтата Република пред да биде повторно именуван минатата седмица, се соочи со можноста за уште покус втор мандат сѐ додека во вторникот не направи отстапки околу пензиската реформа на претседателот Емануел Макрон.
Социјалистите го поздравија тој потег, порачувајќи дека нема да ги поддржат двата предлога за гласање недоверба, едниот од крајната левица а вториот од крајната десница.
Со суспендирање на пензиската реформа, Лекорн се заканува да го поткопа еден од главните економски потези на претседателот Емануел Макрон во време кога јавните финансии на Франција се во опасна состојба, оставајќи го претседателот со малку домашни достигнувања по осум години на власт
Франција се наоѓа среда својата најлоша политичка криза последните децении, бидејќи низата малцински влади се обидуваа да ги протуркаат буџетите за намалување на дефицитот преку законодавниот дом жестоко поделен на три различни идеолошки блока.
Слични новости
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе


