Во критична состојба е французинка која е  заразена за време на епидемијата на смртоносниот хантавирус на крузерот под Холандиско знаме.

Бројот на регистрирани случаи веќе достигна 11, од кои 9 се потврдени.

Тројца патници на крузерот „Хондиус“ починаа, вклучувајќи ја и холандската двојка за која здравствените власти веруваат дека била првата изложена на вирусот за време на посетата на Јужна Америка.

Француската патничка, хоспитализирана во Париз, страда од тешка форма на болеста која предизвикала животозагрозувачки проблеми со белите дробови и срцето, изјави доктор Ксавие Лекјур, специјалист по инфективни болести во болницата „Биша“.

 

Слични новости

Арагчи во Москва на средба со Путин

Арагчи во Москва на средба со Путин

Иранската државна новинска агенција ИРНА соопшти дека министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, слета во Санкт Петербург пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин.