Францускиот премиер Себастијан Лекорн најави дека Франција „ќе ослободи 10 милиони барели дизел од своите стратешки резерви“ во наредните три месеци, што се очекува да доведе до „пад на цената на дизелот од 10 до 18 центи“, пренесува „Фигаро“.
„Кога живеете далеку од работата, полнењето на резервоарот значително го оптоварува вашиот месечен буџет. Како што знаете, ги зголемивме субвенциите за возачите со голема километража. Енергетскиот ваучер ќе биде исплатен во јануари, а не на пролет, за најскромните домаќинства“, рече Лекорн.
Тој изјави дека ги разбира барањата за намалување на даноците, но потсети дека повеќе од 70 милијарди евра беа потрошени за време на епидемијата на ковид-19 за помош на населението, како и дека националниот долг и понатаму се зголемува.
Слични новости
Поради прекумерен дефицит Италија останува под мерките на ЕУ
Италија нема да може да излезе од процедурите на Европската унија поради прекумерниот буџетски дефицит, откако италијанскиот завод за статистика Истат денеска потврди дека дефицитот на Италија во 2025 година изнесуваше 3,1 насто од БДП-то, односно дека е над дозволената граница од 3 насто на ЕУ.
Гардијан: На светските пазари им претстојат нови потреси
Финансиските пазари покажуваат знаци на нестабилност, а комбинацијата на високите цени на нафтата, растот од приносот на државните обврзници и неизвесноста околу технолошкиот сектор ги поттикнува страхувањата од нова финансиска криза, пишува Гардијан.
Нафтата Брент 102 долари за барел, цената на гасот во Европа 80,5 евра за мегават- час
Цената на нафтата Брент денеска падна на 102 долари за барел поради големите очекувања од состанокот меѓу претседателите на САД и Кина Доналд Трамп и Си Џинпинг.


