Францускиот Парламент ја забрани продажбата на „вејпови“. Тие се особено популарни меѓу младите поради нивната ниска цена и разновидноста на вкусови, објавија во петокот француските медиуми.

По едногласното гласање на Националното собрание (долниот дом) минатата недела, Сенатот (Горниот дом) денеска исто така ја одобри забраната, со што стави крај на повеќе од двегодишните дебати во парламентот, па дури и го испрати овој текст, предложен од пратеничката Франческа Паскини, до Европската комисија.
Сега Франција е на пат да стане втората европска земја, по Белгија, која ќе ја забрани продажбата на овие производи на нејзина територија. Британија исто така најави дека ќе ги забрани за продажба во јуни.
Петнаесет проценти од децата на возраст меѓу 13 и 16 години во Франција пушат „вејпови“. Четириесет и седум проценти од нив тврдат дека ја започнале својата зависност од никотин на овој начин, според истражувањето на Анти-тутунската алијанса од 2023 година.
Слични новости
Куче пукало во сопственикот
Американец бил ранет во ногата кога бил застрелан од неговото куче, чија шепа случајно завршила на чкрапалото, соопшти полицијата во Мемфис.
Британците не сакаат да зборуваат за долговите, платите и штедењето
Речиси 30 отсто од испитаниците признале дека избегнуваат да зборуваат за чувствителни теми, плашејќи се од расправија
Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва
Ден Стивенс игра во новата хит серија на Нетфликс Zero Day, политички трилер во која го игра популарниот Јутјубер Еван Грин, лик што потсетува на десничарскиот новинар Такер Карлсон со неверојатна убедливост.