Забранет пристап до социјалните мрежи за деца до 15 години  воведува Франција од јануари откако го донесе законот. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст.

Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период кога и Обединетото Кралство и Европската унија подготвуваат слични ограничувања.

Законот ќе се воведува постепено. Од септември оваа година, лицата помлади од 15 години нема да можат да отвораат нови профили, а проверката на возраста ќе стане задолжителна за сите нови корисници.

 

Слични новости

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Британскиот актер Гери Олдман изјави дека продуцентите веќе имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд и дека тој се надева оти тоа ќе биде Џек Лауден, неговиот партнер во шпионската серија „Бавни коњи“