Забранет пристап до социјалните мрежи за деца до 15 години воведува Франција од јануари откако го донесе законот. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст.
Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период кога и Обединетото Кралство и Европската унија подготвуваат слични ограничувања.
Законот ќе се воведува постепено. Од септември оваа година, лицата помлади од 15 години нема да можат да отвораат нови профили, а проверката на возраста ќе стане задолжителна за сите нови корисници.
Слични новости
„Одисеја“ на Кристофер Нолан надмина заработка од 600 милиони долари за помалку од две недели прикажување
„Одисеја“ само во САД заработи 123,5 милиони долари на премиерниот викенд и неочекувано високи 87 милиони долари минатиот викенд, што е пад од само 30 насто што е исклучително добро за ваков вид на блокбастер. „Одисеја“ глобално веќе има заработка од 652 милиони долари и е веќе на седмо место според заработката во 2026 година.
„Одисеја“ на Кристофер Нолан ја надмина бројката од 300 милиони заработка за само 5 дена прикажување
Акцискиот спектакл на Кристофер Нолан „Одисеја“ сниман со 70 милиметарски камери кој се прикажува и во Ајмакс кината ширум светот, продолжува да соборува рекорди. Филмот за пет дена прикажување веќе има заработка од 304 милиони долари, а 22 милиони долари заработи само во вторникот во САД.
Светското првенство ги надмина сите рекорди според гледаност во САД
Финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина го гледаа дури 66,4 милиони гледачи, што речиси тројно го надмина претходниот рекорд од 25,78 милиони гледачи од финалето во 2022.

