Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го именуваше центристичкиот лидер Франсоа Беиру за нов француски премиер во обид да стави крај на повеќемесечната политичка криза.

Беиру, сојузник на Макрон, е градоначалник од југозападниот дел на Франција и ја предводи партијата МоДем. Задачата на претседателот е да обезбеди Беиру да остане на функцијата подолго од неговиот претходник.

Поминаа девет дена откако француските пратеници го разрешија поранешниот преговарач за Брегзит, Мишел Барние. Макрон е на половина пат од вториот претседателски мандат, а Беиру ќе му биде четврти премиер оваа година.

Француската политика е во застој откако Макрон ги распиша предвремените парламентарни избори ова лето.

Анкетата за BFMTV во четвртокот покажа дека 61 отсто од француските гласачи се загрижени за политичката ситуација.

Макрон вети дека ќе остане на власт до крајот на неговиот втор мандат во 2027 година, и покрај падот на Барние минатата седмица.

globe

Слични новости

Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин

Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин

За праведен мир во Украина и за „запирање“ на рускиот претседател Владимир Путин, потребно е единство на САД и Европската унија, како и во рамките на самата ЕУ, изјави во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски

ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид

ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид

Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) во извештајот во четвртокот соопшти дека Израел убил илјадници Палестинци во Газа со тоа што им го ускратил пристапот до чиста вода, што според неа правно е чин на геноцид и истребување