Фотоапаратот на покојниот поглавар на Римокатоличката црква, папата Франциско продаден е на наддавање во Виена во саботата за 6,5 милиони евра, по неочекувана лицитацијска битка.
Фотоапаратот модел „Leica M-A“ стократно ги надмина очекувањата, според портпаролот на 47-та аукција Leitz Photographica.
Во согласност со желбите на претнодниот поглавар на католичката црква, кој почина во април, парите ќе одат во добротворни цели. Аукциската куќа, исто така, се откажа од својата провизија.
Производителот „Leica Camera AG“ му го подари фотоапаратот на папата Франциско во 2024 година, означувајќи го, заедно со неговите објективи, со серискиот број 5000000.
„Во Leica отсекогаш беше традиција да резервираат такви препознатливи, заокружени сериски броеви за специјални фотоапарати, кои често им се даваат на познати јавни личности“, рече Александар Седлак, извршен директор на Leica Camera Classics и Leitz Photographica.
Името на купувачот остана непознато. Според извештаите, две лица лицитирале преку телефон за фотоапаратот.
Аукцијата, која траела околу десет минути, „беше сигурно една од највозбудливите лицитациски битки во историјата на оваа аукциска куќа и целосно достојна за овој исклучителен предмет“, рече Седлак.
Слични новости
Основачот на швајцарската група за право на смрт почина со асистирано самоубиство
Шефот на швајцарската организација за право на смрт Dignatis почина со потпомогнато самоубиство, соопшти групата во неделата
Почина британскиот драматург Том Стопард
Сер Том Стопард, еден од најпознатите британски драматурзи, почина на 88 години, соопштија неговите агенти
Австралискиот премиер Ентони Албаниз се ожени на приватна церемонија
Австралискиот премиер Ентони Албаниз се ожени со својата партнерка со која е во врска пет години, Џоди Хејдон, на приватна церемонија во The Lodgeu, официјалната резиденција на премиерот во Канбера


