Големата награда на Холандија во Формула 1, што се одржува во крајбрежниот град Зандворт, ќе исчезне од календарот на Формула 1 по 2026 година, објавија во средата организаторите на светскиот шампионат.
„По долго размислување и дискусија, промоторот одлучи дека Гран при на Холандија нема да се одржи“ по споменатиот датум, се наведува во соопштението за медиумите.
Од неговото враќање во 2021 година по 36-годишно отсуство, холандското Гран при беше освоен три пати од четирикратниот светски шампион и домашниот херој Макс Верстапен од Ред Бул. Нему му побегна само победата во 2024 година, која му припадна на британскиот Ленд Норис од тимот на Мекларен, кој стана негов главен конкурент за титулата во текот на сезоната.
Организаторот додаде дека со промоторот е договорено едногодишно продолжување за 2026 година, а трката во Зандворт првпат ќе се одржи во спринт формат.
„Во 2026 година ќе затвориме важно поглавје во историјата на холандскиот спорт, Макс Верстапен секако беше голема движечка сила зад ова“, рече директорот на холнадското Гран при, Роберт ван Овердијк.
Слични новости
По Рома американска компанија го купи и Евертон
Условите за продажба на Евертон на „Friedkin Group“ од страна на досегашниот сопственик Фархад Мошири и неговата компанија „Blue Heaven Holdings“ беа договорени уште во септември а сега се потврдени
Лоусон ќе го замени Перез во тимот на Ред Бул
Во средата беше објавено дека мексиканскиот возач го загубил местото во тимот по четири години, бидејќи зад него е разочарувачката сезона
Арсенал, Њукасл и Ливерпул во полуфиналето на Лига купот
Фудбалерите на Арсенал, Њукасл и Ливерпул се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп, а последната четвртфинална двојка е Тотенхем – Манчестер Јунајтед која ќе се соочи во четврток