Американскиот милијардер Илон Маск повторно урна рекорд и неговото богатство во моментов изнесува 749 милијарди долари, пренесе Форбс. Маск на 19 декември стана првата личност во историјата која достигна имот повисок од 700 милијарди долари.

До овој скок дојде откако Врховниот суд на Делавер ја преиначи пресудата на понискиот суд со која бу беа поништени доделбата на акциите на „Тесла“ кои сега вредат 139 милијарди долари.

По оваа пресуда, „Тесла“ повторно стана највреден имот на Маск, а негов втор највреден имот се акциите во „Спејс Икс“ кои вредат за две милијарди долари помалку од оние во „Тесла“.

На второто место на листата на Форбс е сооснивачот на „Гугл“ Лари Пејџ чиј имот е проценет на 253 милијарди долари.

Слични новости

Цените на нафтата се стабилизираа на 60 долари

Цените на нафтата се стабилизираа на 60 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во петокот на 60 долари на меѓународните пазари, балансирајќи меѓу ризиците за снабдувањето од Венецуела поради блокадата на САД и очекувањата за вишок следната година