Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ ќе преземе шест мерки за стабилизација на пазарот на енергентите, меѓу кои се ослободување на 100 милиони барели нафта и дизел во наредните четири месеци, како и отварање стратегиски дијалог за европските рафинерии, чија цел е намалување на цените.
Како среднорочни мерки таа наведе дека е неопходно членките на ЕУ да прејдат на чисти и домашни извори на енергија-нуклеарна енергија и обновливи извори.
„Мораме да го смениме начинот на кој ја трошиме енергијата, така што странските фосилни горива ќе ги замениме со електрична енергија произведена во Европа“, рече фон дер Лајен, која порача и дека Европа мора да ги модернизира енерегетските мрежи за ефтината струја да стигнува таму каде што е потребна.
Слични новости
ММФ: Светската економија ќе порасне за 3,1 насто во 2026 и за 3,4 насто во 2027
Светскиот економски раст по порастот од 3,5 насто во 20205, најпрвин ќе забави на 3,1 насто во 2026, а потоа ќе забрза на 3,4 насто во 2027, се наведува во денеска објавените Светски економски изгледи на Меѓународниот монетарен фонд.
Цените на нафтата пораснаа за нови 2 насто, по ескалацијата во Саудиска Арабија
Северноморската нафта Брент надмина 107 долари за барел, достигнувајќи го најскапото ниво за повеќе од две недели, додека американската сирова нафта ВТИ поскапе на 93,9 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс.
На Европската унија и се заканува недостиг на гас за време на зимата
Европската унија оваа зима би можела да се соочи со недостиг од природен гас од дури 14 милијарди метри кубни, што претставува седум насто од побарувачката на ЕУ.


