Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ ќе преземе шест мерки за стабилизација на пазарот на енергентите, меѓу кои се ослободување на 100 милиони барели нафта и дизел во наредните четири месеци, како и отварање стратегиски дијалог за европските рафинерии, чија цел е намалување на цените.
Како среднорочни мерки таа наведе дека е неопходно членките на ЕУ да прејдат на чисти и домашни извори на енергија-нуклеарна енергија и обновливи извори.
„Мораме да го смениме начинот на кој ја трошиме енергијата, така што странските фосилни горива ќе ги замениме со електрична енергија произведена во Европа“, рече фон дер Лајен, која порача и дека Европа мора да ги модернизира енерегетските мрежи за ефтината струја да стигнува таму каде што е потребна.
Слични новости
Цената на сировата нафта благо падна на околу 95 долари за барел
Цената на сировата нафта Брент благо падна под влијание на тензиите меѓу Иран и САД на околу 95 долари за барел, но на неделно ниво порасна за околу 8 насто, што е највисоко поскапување од средината на јули.
Цените на нафтата во пад поради намалениот ризик од пореметување во снабдувањето
Американската лесна нафта ВТИ се движи по цена од околу 83 долари за барел, додека Северноморската нафта Брент е на ниво од околу 88 долари за барел.
Боинг и синдикатот ги продолжуваат преговорите за новиот колективен договор
Преговорите меѓу Боинг и синдикатите ќе продолжат, откако околу 17.000 членови на синдикатот на вработените и на професионалните инженери го отфрли предлог договорот на Боинг, пренесува Ројтерс.


