Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ ќе преземе шест мерки за стабилизација на пазарот на енергентите, меѓу кои се ослободување на 100 милиони барели нафта и дизел во наредните четири месеци, како и отварање стратегиски дијалог за европските рафинерии, чија цел е намалување на цените.
Како среднорочни мерки таа наведе дека е неопходно членките на ЕУ да прејдат на чисти и домашни извори на енергија-нуклеарна енергија и обновливи извори.
„Мораме да го смениме начинот на кој ја трошиме енергијата, така што странските фосилни горива ќе ги замениме со електрична енергија произведена во Европа“, рече фон дер Лајен, која порача и дека Европа мора да ги модернизира енерегетските мрежи за ефтината струја да стигнува таму каде што е потребна.
Слични новости
Дизелот во Франција никогаш поскап, литарот достигна до 2,7 евра за литар
Просечната цена на дизелот во Франција денеска достигна рекордни 2,4 евра за литар, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,38 ерва за литар забележан во април годинава, покажуваат податоците на француската влада.
ЕУ разгледува оданочување на екстрапрофитите поради скокот на цените на гасот и нафтата
Министрите за финансии на ЕУ ја разгледуваат можноста за воведување данок на екстрапрофит на енергетските компании во целата ЕУ поради скокот на цените на гасот и нафтата.
Пад на цената на енергентите : Нафтата Брент падна на 103 долари за барел, гасот 77 евра за мегават-час
Цените на енергентите на европските и светските берзи денеска забележаа пад и цената на сировата нафта Брент падна на околу 103 долари за барел, додека европскиот природен гас падна на 77 евра за мегават-час.


