Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот предупреди на ризикот од „глобална трка кон дното“ преку употреба на економски алатки како што се санкции, извозни контроли и царини.

Говорејќи на годишниот состанок на Светскиот економски форум (WEF) ден по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Фон дер Лајен зборуваше за „нова ера“ на жестока геостратешка конкуренција.

 

„Како што оваа конкуренција се интензивира, веројатно ќе продолжиме да гледаме честа употреба на економски алатки, како што се санкции, извозни контроли и царини, кои имаат цел да ја заштитат економската и националната безбедност“, рече Фон дер Лајен.

Но таа рече дека „иновативноста не смее да се задуши“. „Во тој дух, ќе треба да работиме заедно за да избегнеме глобална трка до дното“, додаде шефицата на Европската комисија.

„Затоа што не е во ничиј интерес да ги прекине врските во глобалната економија. Наместо тоа, ние мора да ги модернизираме правилата за да ја одржиме нашата способност да создаваме заеднички придобивки за нашите граѓани“, рече Фон дер Лајен.

Нејзината изјава дојде во периодот на невиден санкции на ЕУ против Русија поради војната во Украина украинската војна и запирање на увозот на евтините руски енергенси благодарејќи на кои главните европски земји бележаа економски раст, како и економските тензии на Брисел со Кина. Исто така, ден претходно новиот американски претседател Доналд Трамп рече дека сака да го промени трговскиот дефицит на САД со Европската унија, или преку царини или преку поголем извоз на енергија.

globe

Слични новости

Стармер му кажал на Нетанјаху дека мировниот процес мора да доведе до палестинска држава

Стармер му кажал на Нетанјаху дека мировниот процес мора да доведе до палестинска држава

Британскиот премиер Кир Стармер му рекол на својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху во вторникот дека мировниот процес по прекинот на огнот во Појасот Газа „мора да доведе“ до создавање палестинска држава

Панама во ОН го предупреди Трамп да не се заканува со употреба на сила

Панама во ОН го предупреди Трамп да не се заканува со употреба на сила

Амбасадорот на Панама во ОН, Елој Алфаро де Алба истакнува дека, според основачката Повелба на ОН, земјите „ќе се воздржат во нивните меѓународни односи од закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичка независност на која било држава