Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, ги истакна „црвените линии“ во преговорите за војната во Украина во Стразбур во средата, велејќи дека ЕУ е против еднострано прекројување на границите и ограничувања за украинската армија и е за финансиска поддршка за Киев со замрзнати руски средства.
„Планот на играта на Русија не се променил од почетокот на војната – таа верува дека може подолго да издржи од Украина, Европа и нивните сојузници, па затоа секој пат кога има вистински напредок во преговорите, тоа го ескалира насилството“, рече Фон дер Лајен во Европскиот парламент.
„Го видовме тоа и претходно – тоа е шема. Бучавата од Кремљ ги открива вистинските намери – за нив, Украина е само првиот чекор во многу поголема игра“, изјави претседателката на Комисијата.
Фон дер Лајен ги поздрави напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина и дека конечно започнал да работи на текстот на мировните преговори, иако „сè уште е потребна многу работа“. „Имаме почетна точка. Обединет фронт. Обединет глас“, уверуваше.
Фон дер Лајен посочи неколку „црвени линии“ што ЕУ не може да ги премине во преговорите. „Алијансата не може да прифати ограничување на силите на Украина, бидејќи тоа би ја направило ранлива на идна агресија“, рече таа.
Претседателката на Комисијата нагласи дека не треба да има еднострано прекројување на границите, ниту нивни промени со сила, бидејќи ако тоа се дозволи „вратата се отвора за нови војни утре“.
Таа објави дека ЕК се подготвува да презентира правен текст за користење на руските замрзнати средства за финансиска поддршка и обнова на Украина.
„Да бидам јасна – не гледам никаков сценарио каде што европските даночни обврзници сами ја плаќаат цената за ова, тоа не е прифатливо“, нагласи таа.
Фон дер Лајен, исто така, во својот говор рече дека иднината на Украина во Европската унија не е само „прашање на судбина“, туку „клучен дел од секоја безбедносна рамка“.
Слични новости
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе
Макрон по примерот на Трамп ѝ се закани со царини на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија


