Европа и Индија денеска создаваат историја изјави претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен која е во официјална посета на Њу Делхи. Таа на платформата „Икс“ напиша дека Индија и ЕУ постигнаа важна спогодба за слободната трговија која е „мајка на сите спогодби“.

Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека договорот меѓу Индија и Европската Унија за слободна трговија е најголемиот договор меѓу Њу Делхи и Брисел до сега.

Според договорот Индија веднаш ќе ги намали царините за возила од ЕУ од 110 на 40 проценти, што е од особена полза за германските гиганти кои произведуваат автомобили.

Слични новости

Цената на нафтата се стабилизира

Цената на нафтата се стабилизира

Цените на нафтата утрово стагнираат по големите флуктуации на почетокот на неделата иако Иран сè уште не дозволува танкери да минуваат низ Ормутскиот теснец, што не го спречува извозот на нафта од Блискиот Исток.