Голем трејд се случи во американската професионална кошаркарска НБА лига, во која учествуваа три клуба, а беа разменети седум играчи и уште седум избори на драфтот, а најголемото име што го промени клубот беше „Ол-стар“ бекот Де’Арон Фокс, кој премина од Сакраменто Кингс во Сан Антонио Спарс.
Во текот на неговите осум сезони во лигата, Фокс се етаблира како еден од најдобрите стрелци во лигата, станувајќи „Ол-стар“ во 2023 година и 6,1 асистенции по натпревар. Во Сан Антонио, Фокс треба да формира смртоносно дуо со центарот Виктор Вембањама.
Заедно со Фокс, од Кингс во Спарс се пресели и Џордан Меклафлан.
Второто најзабележително име во оваа размена е бекот Зак ЛаВин, кој исто така се пресели од Чикаго во Сакраменто. ЛаВин, познат по своите атрактивни потези, во текот на кариерата двапати учествуваше на „Ол-стар“ натпреварот, а оваа сезона просечно бележи 24,0 поени, 4,8 скока и 4,5 асистенции. Во редовите на „Кралевите“, ЛаВин повторно ќе се соедини со својот поранешен соиграч од Булс, Демар Дерозан на бековската позиција.
Покрај Кингс го добија и Сиди Сисоко од Сан Антонио, три избори на драфтот од првата рунда (2025, 2027, 2031 година) и три избора на драфтот од втората рунда (еден во 2025 година, два во 2028 година).
Во овој трејд, Булс го добија Кевин Хуертер од Кингс, Зак Колинс и Треј Џонс од Спарс и пик од првата рунда на овогодинешниот драфт.
Слични новости
Изненадувачка размена во НБА – Дончиќ во Лејкерс, Дејвис во Маверикс
Лејкерс и Маверикс предизвикаа возбуда во НБА, откако ESPN рано наутро во неделата објави дека тимовите завршиле со трејдот што ќе го испрати Лука Дончиќ во Лос Анџелес и Ентони Дејвис во Далас
НБА: Денвер победи, Вашингтон ја прекина серијата од 16 порази
Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа ги совладаа Шарлот Хорнетс со 107:104, а Никола Јокиќ го оствари својот 22. „трипл-дабл“ сезонава
Реал Мадрид поразен од Еспањол, Атлетико Мадрид убедлив со Мајорка
За неволјата на Реал Мадрид да биде поголема на натпреварот се повреди нивниот стопер Антонио Рудигер кој мораше да биде заменет во 14 минута од мечот.