Најголемиот светски прозиводител за електроника според договор Фокскон објави денеска дека во четвртиот квартал на 2025 остварил рекорден приход, воден од незапаметената побарувачка за инфраструктура неопходна за вештачката интелигенција.

Приходите на тајванската компанија Фокскон, клучниот партнер на американските технолошки гиганти Енвидија и Епл пораснаа за 22 насто на 82,73 милијарди американски долари, што ги надмина и најоптимистичните прогнози на аналитичарите, пренесе Волстрит журнал.

Најзначаен тренд во извештајот е промената на фокусот на компанијата. Додека Фокскон со децении беше синоним за склопување на ајфон уредите на Епл, сега главниот двигател на растот е секторот на клауд и на инфраструктура за вештачка интелигенција.

Слични новости